Медиумите и Реал Мадрид и ова лето ќе му бараат нов клуб на Герет Бејл, иако тој јасно кажува дека ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до крајот на договорот во јуни 2020 година.
Платата на Бејл е финансиски товар за Реал, и во исто време ги одбива заинтересираните клубови. Исклучок се клубовите од Кина меѓутоа Бејл не сака таму да игра.
Бејл има годишна плата од речиси 17 милиони евра, оваа сезона одиграл 20 натпревари, вкупно на теренот минал 1260 минути.
Крилниот напаѓач во едно интервју ја „отворил душата“ и проговорил за односот што кон него го имаат навивачите на Реал.
„Се случува 80.000 луѓе да ми свиркаат кога не играм добро. Првиот пат кога се случи тоа си реков:’што е ова’. Тоа не му и помогна на мојата самодоверба. Најголемото прашање, односно она што јас не го разбирам е зошто тоа навивачите го прават. Доколку на некој играч не му оди добро тое треба да го поддржат. Но мене ми се случува спротивното, секогаш ми свиркаат, од натпревар во натпревар се чувствувам се полошо о полошо. Не го разбирам тоа“, рекол Бејл.