Напаѓачот на Евертон Моизе Кен рекол дека Кристијано Роналдо имал големо влијание кај него во периодот кога двајцата играа во Јувентус.
„Сите знаат дека тој е неверојатен играч , најдобар е, но мора да го гледата и како личност. Роналдо е исклучително добра особа. Многу ми помогна во периодот кога бев во Јувентус“, рекол Кен.
20 годишниот напаѓач имаше просечна прва сезона во Евертон. За „карамелите“ одигра 29 натпревар, постигна само два гола.