Легендата на романскиот фудбал Георге Хаџи повлече не е тренер на Виторул од Констанца, клуб кој се наоѓа во негова сопственост. Хаџи кој со Виторул во 2017 година ја освои титулата во Романија, реши да се повлече од функцијата по најлошата сезона во последните пет години.
Оваа сезона Виторул не успеа да влезе во плеј-офот и да се бори за титулата, туку играше во плеј-аут лигата, каде без проблеми избори опстанок.
Лошата сезона го натера Хаџи да отстапи од тренерската позиција. Во договор со својот најблизок соработник, неговиот поранешен соиграч Георге Попеску кој е спортски директор на Виторул, тој решил во иднина да остане технички директор на младинската школа која го носи неговото име.
Хаџи го основа Виторул пред 11 години, клубот започна да се натпреварува во Третата лига, а во 2017 приреди сензација кога ја освои титулата. Хаџи од 2014 година беше тренер, а покрај шампионската титула успеа да г освои Купот и Суперкупот на Романија.