Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се во вербална војна која ја започна со една своја изјава Ули Хенес. Поранешниот челник на Баерн ја коментирал трансфер политиката на клубот од Дортмунд.
„Кога тие ќе купат талентиран играч и тој ќе почне добро да игра веднаш од извори блиски до клубот може да се слушне дека е на продажба. Како може играчот да го добие клупскиот ДНК доколку се чувствува како објект за продажба?“, рекол Хенес.
Повод за оваа изјава е трансферот на талентираниот англиски фудбалер Џад Билингам. Борусија за него на Бирмингем им плати 25 милиони евра.
„Чинам дека во Баерн се фрустрирани што Билингам ги одби и реши да потпише со Борусија“, рекол поранешниот голман на „милионерите“ Роман Вајденфелер.
„Со Карл-Хајнц Румениге со години работиме нашите клубови да имаат одлични односи. Штета е што некој го минира тоа“, се надоврзал првиот човек на Борусија Ханс-Јоаким Вацке.
Спортскиот директор на Борусија Дортмунд Михаел Цорк смета дека изјават на Хенес е арогантна бидејќи Баерн секоја година има буџет од 250 милиони евра само за трансфери.