Top Sport

Вилијан останува во Лондон, ама го менува стадионот, оди кај „топчиите“

Бразилскиот фудбалер Вилијан прави трансфер од Челси во Арсенал и со „топчиите“ ќе потпише тригодишен договор, пренесува „ЕСПН“.

Информациите се дека искусниот крилен напаѓач се договорил за неделна плата од 100.000 фунти или 5 милиони годишно. Се очекува само официјална потврда од клубот.

Бразилецот во редовите на Челси помина цели 7 сезони, одигра 339 меча и постигна 63 гола. Претходно има настапувано за Коринтијанс, Шахтјор Доњецк и Анжи, од каде се пресели на „Стемфорд Бриџ“.

Scroll to Top