Top Sport

Екс-другарот на Икарди тресеше мрежи во Серија А, сега се сели во Серија Ц

Кариерата на аргентинскиот напаѓач, Макси Лопез (36), исто како и приватниот живот оди во непосакуван правец. Екс-другарот на Мауро Икарди (овој му ја `украде` жената, Ванда Нара) своевремено играше за тимови од калибарот на Барселона, Милан, Ривер Плата, Сампдорија и Торино, а сега се сели во клуб во Серија Ц, пишуваат медиумите во Италија.

Пред две години како напаѓач на Торино западна во проблеми поради зголемената телесна тежина, а постојано има проблеми и со повредите.

„Повреден е затоа што е претежок, како да носи машина за перење на рамената“ рече тогаш Синиша Михајловиќ за Лопез.

И минатата сезона во бразилски Васко Де Гама напаѓачот ги имаше истите проблеми. Следуваше кратка авантура во Кротоне, а сега е пред нов предизвик.

Се очекува наскоро да потпише договор со третолигашот Самбенедетезе. Екипата играше разигрување за влез во Серија Б, но не успеа во тоа. Затоа го ангажираат Лопез, за идната сезона да успеат во намерата.

Scroll to Top