Серхио Агуеро успеа да го израмни рекордот на Манчестер сити откако го постигна својот 177. гол за клубот против Барнли во саботата.
29-годишниот Аргентинец, кој се врати во составот откако доби скршено ребро при сообраќајна несреќа во Амстердам пред три недели, постигна гол од пенал во 30. минута на „Емирати“ за да се израмни со рекордерот Ерик Брук, кој постигна 177 голови за Сити од 1927 до 1939 година.
Ова популарниот Кун Агуеро го постави во својот 262. настап за Сити откако дојде од Атлетико Мадрид во 2011 година. Агуеро имаше шанса да го израмни рекордот во последниот меч пред еден месец, но неговиот удар од пенал го одбрани голманот на Шахтјор Доњецк, Андриј Петров во дуел од ЛШ.
По тој меч, тој беше на пауза во Амстердам каде што таксистот кој го возеше до аеродромот по концертот удри во бандера.
Во својата кариера, Агуеро постигна 10 хет-трика, и неговиот најпознат гол – 30-тиот кога со драматичен гол во финишот на натпреварот им ја донесе титулата од Премиер лигата на Сити во 2012 година.
Доколку имате време, можете да гo погледнете последниот гол на Агуеро, но и другите сите 156 голови на аргентинскиот ас.