Голгетерот на ПСЖ, Уругваецот Едисон Кавани е подготвен да ја продолжи кариерата во Јужна Америка.
Според информациите на „Глобо Еспорте“, наводно многу лесно може да се случи негов следен клуб во кариерата да биде бразилски Атлетико Минеиро.
Ова лето за 33-годишниот напаѓач интерес пројавија Лидс, Бенфика, но и американски Интер Мајами, но засега нема конкретна понуда.
На Кавани летово (уште во јуни) му истече договорот со францускиот шампион и тој сега е слободен агент.
Бразилските медиуми јавуваат дека Кавани со задоволство би се врати во Јужна Америка доколку неговите претставници постигнат договор со Атлетико.
Кавани за „Светците“ одигра 165 натпревари и постигна 116 гола. Во кариерата има настапувано и за Наполи и Палермо.
За Уругвај има 45 гола на 105 меча.