Последните информации кои доаѓаат од таборот на Јувентус, непосредно пред вечерашното гостување на Лион на реванш осминафиналето од ЛШ се дека аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин (32) на крајот на сезоната си оди од Торино.
Досега неколкупати се шпекулираше дека Аргентинецот, кој во 2016 година дојде кај „Старата дама“ ќе го напушти италијанскиот шампион, но тој секогаш пронаоѓаше начин да се врати во екипата. Сепак, се чини дека оваа сезона дефинитивно е последната за него во овој клуб.
Игуаин сезонава настапи на 43 меча и постигна за него скромни 11 гола. Минатата сезона имаше 13, а по една полусезона играше за Милан односно за Челси.
Договорот со Јувентус му е до идното лето, но „Газета“ пишува дека истиот ќе биде раскинат штом заврши настапот во ЛШ.
Јуве го доведе пред 4 години од Наполи за 90 милиони евра. Последната сезона за клубот од Неапол ја одигра совршено, постигна 36 гола во Серија А.
Во торинскиот клуб во првата сезона запиша 32 гола во сите натпреварувања, а потоа во следните 3, додаде уште 47.
Се споменува негово заминување во Аргентина или со САД.