Малкумина очекуваа елиминација на италијанскиот шампион Јувентус токму од екипата на Лион иако пред 5 месеци и 12 дена „црно-белите“ доживеаја непријатен пораз од 1-0 во Франција.
Капитенот на „Старата дама“ е лут и разочаран по ваквиот епилог.
„Секако дека сме разочарани. Знаевме дека Лион нема да се брани со сите 11 играчи, создадовме многу прилики, но не ја остваривме целта. Покажавме дека сме физички подготвени, ја бркавме победата 95 минути, создадовме 4-5 одлични шанси, а Лион само еднаш шутна на нашиот гол“ – вели Бонучи.
Капитенот на Јуве вели дека тешко е да се процени дали сезонава е успешна или не за неговиот клуб.
„Живееме во една аномалија од сезона, првпат играме во јули и август, и тоа за да се пласираме на клупски турнир. Го освоивме Скудетото, но бевме свесни дека во ваков изменет формат на натпревари се може да се случи во ЛШ. Ние направивме се што можевме“ заклучи Леонардо Бонучи.