Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Анхел ди Марија открива дека побарал помош од психолог откако по проблемите на Аргентина да се квалификува за СП во Русија, на Интернет се појавија многу „меме“ во кои тој беше навредуван.
Со победата над Еквадор обезбедена во последното коло, „Албиселесте“ влегоа на Мундијалот, но тоа не ги спречи фановите да го кажат своето мислење за проблемите во тимот.
„Мемињата кои беа праќани на членовите на националниот тим не болеа многу и не тераа да размислуваме. Ако помислевме да се откажеме од националниот дрес тоа беше поради такви работи, бидејќи и вашето семејство страда. Мене многу ми помогна што зборував со психолог. Благодарение на него, сега сфаќам дека зад компјутер или мобилен телефон е многу лесно да се смееш. Сега сум добар во главата“, вели Ди Марија.