Претседателот на Мекларен, Зек Браун вели дека неговиот тим влегува со голема самодоверба во новата сезона по добивањето на моторите на Рено и верува дека промената ќе помогне во враќањето на врвот на славниот тим, вториот најуспешен во историјата на Формула 1.
И покрај загриженоста за постојаноста на моторот на Рено минатата сезона, Ред бул стигна до две победи минатат сезона и Браун вели дека по три години „мачење“ со Хонда, оптимизмот е на високо ниво.
„Пред секоја сезона има многу грижи, но не само за моторот, но овојпат имаме самодоверба. Тие имаат моќ и тоа го покажаа, така што можеме да се вратиме напред. Сигурен сум дека ќе имаме проблеми со моторот во дел од сезоната, но тоа е тркањето. Но, се надевам дека ќе ги имаме однапред. Подобро брз мотор со проблеми, откако стабилен мотор без брзина. Рено освоија шест титули во последнтие 13 години, така што знаат што прават“, вели Браун.