Една од најголемите „трансфер сапуници“ во моментов конечно е завршена, Џејдон Санчо и наредната сезона ќе остане во Борусија Дортмунд, нема да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед.
Ова е одлука на челниците на „милионерите“ откако денеска беше крајниот рок до кога требаше да се исплатат 120 милиони за крилниот напаѓач.
„Го планираме Џејдон Санчо во тимот и во наредната сезона. Одлуката е конечна, мислам дека тоа е одговорот на сите прашања. Минатото лето ја прилагодивме платата на Санчо за да се прилагоди на неговите игри. Така ние го продолживме договорот со него до 2023 година“ – рече спортскиот директор на Борусија, Михаел Корк.
Санчо пред неколку дена бил виден на „Олд Трафорд“, сепак екипата од Дортмунд не сакаше да ја намали цената за англискиот фудбалер.