Довчерашниот дефанзивец на грчки Олимпијакос, Костас Цимикас е првото засилување на Ливерпул за новата сезона. По веќе познат модел, Јирген Клоп на „Енфилд“ носи проверен играч за малку пари.
Цимикас (24) оваа сезона имаше можност со грчкиот тим да настапува против Арсенал, Тотенхем и Вулверхемптон.
Младиот играч кој беше на позајмица во Есбјерг и Вилем Втори, во Ливерпул доаѓа за 13 милиони евра.
Цимикас има три настапи за селекцијата на Грција, а кај „црвените“ доаѓа како алтернатива за Робертсон кој е незаменлив кај Клоп.
Минатата сезона Ливерпул имаше проблеми со дефанзивната линија, па принудно како леви бекови мораа да настапуваат и Џејмс Милнер и Џо Гомез.