Францускиот фудбалер Исмаил Сар (22) е блиску до трансфер во Кристал Палас, пренесува „Л`кип“.
Сар минатото лето стигна во Вотфорд од редовите на француски Рен како најскап играч во историјата на клубот. За крилниот напаѓач Вотфорд платија 30 милиони евра.
Со оглед дека испаднаа од Премиерлигата, тешко дека ќе можат да ги задржат најдобрите играчи.
Палас испрати понуда и започна преговори за Сар, но засега не е позната сумата за која тој би можел да се пресели во Палас.
Французинот сезонава одигра 30 меча за тимот што испадна од елитната лига, а притоа постигна 6 гола и асистенции.