По одличниот финиш на сезоната, првата ѕвезда на Милан, Златан Ибрахимовиќ отиде на одмор со семејството. Секојдневно објавува фотографии и видеа од лудориите на вода.
Денеска тој повторно одлучи да го демонстрира фудбалското знаење, овојпат во вода.
Швеѓанецот изведе „ножички“ и ги воодушеви своите пријатели на социјалните мрежи.
Ако се точни зборовите на спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини, Швеѓанецот ќе биде клучен во тимот повторно следната сезона.
„Ние создадовме нешто оваа сезона што треба да е континуитет. Златан е дел од овој проект. Тоа нема да биде лесно преговарање, но сакаме да одиме напред со него“ – рече Малдини.
Златан постигна 10 голови во Серија А на 18 настапи минатата сезона.