Џастин Гетџи е сигурен дека може да стане првиот УФЦ фајтер кој го победил шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов и има посебна стратегија за тоа.
Популарниот „Хајлајт“ ќе добие шанса да стане шампион на УФЦ 254 на 24 октомври, откако претходно импресионираше со победата над Тони Фергусон и вели дека има едноставна стратегија – да направи хаос во октагонот.
„Околу мене ќе има мала зона. Тоа ќе биде зона на смртта и морам да бидам смртно опасен кога ќе влезе во таа зона. Тоа ми е специјалист, да направам крвопролевање. Создавање на сообраќајки“, вели Гетџи.
Гетџи влегува во мечот со низа од четири победи, додека Хабиб нема влезено во октагонот од септември 2019 година, кога го победи Дастин Поаире. Тој се враќа во кафезот по смртта на неговиот татко и тренер, Абдулманап Нурмагомедов, и Даниел Кормиер, кој во сабота ќе се бори со Стипе Миочиќ за титулата во тешка категорија, вели дека тоа ќе го инспирира до победа.
„Гетџи ќе му биде најтешкиот противник, но мислам дека ќе победи. Со смртта на неговиот татко, знаете, понекогаш ви треба нешто да ви го тргне умот и тоа ќе го инсприра до победа“, смета Кормиер.