Тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги инсистира дека Манчестер јунајтед се „најголемиот клуб на светот“ пред нивната пресметка во полуфиналето на Лига Европа во недела.
Шпанскиот клуб закажа пресметка со шампионите од 2017 во Келн со тешка 1:0 победа над уште еден премиерлигаш, Вулверхемптон со голот на Лукас Окампос. И Јунајтед се намачија за 1:0 победа над Копенхаген во понеделникот, и сега се ривали на Севилја, клуб кој се обидува да стигне до четврти триумф во Лига Европа по „ребрендирањето“ на натпреварувањето во 2009 година.
„Ќе играме со Манчестер јунајтед, кои се најголемиот клуб на светот, но ќе бидеме подготвени за борба. Играме со врвна екипа со богата историја, една од најдобрите во историјата на спортот кои се во фантастична форма. Ќе биде многу тешко“, вели Лопетеги.