Аталанта синоќа драматично загуби од ПСЖ во ЛШ, а Марио Пашалиќ (25) го постигна единствениот гол за екипата од Бергамо, во 27 минута.
Како стручен коментатор на „БТ спорт“, поранешниот дефанзивец Рио Фердинанд беше воодушевен од играта на хрватскиот интернационалец.
„Лудост, тоа е лудост! Тој беше играч на Челси 6 години. Тие продадоа таков играч за само 12 милиони фунти“ – рече Фердинанд во студиото додека траеше синоќешниот меч.
Тоа за Пашалиќ беше 12-ти гол сезонава.
Хрватот во кариерата има настапувано за Хајдук, Челси, Елче, Монако, Милан, Спартак Москва и Аталанта, а има постигнато вкупно 50 гола.