Грчкиот кошаркар на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо е суспендиран и нема да може да игра на наредниот меч што „телињата“ ќе го играат во плеј-офот против Мемфис Гризлис, соопштија од НБА лигата.
Суспензијата за еден од кандидатите за МВП сезонава е поради удирањето со глава на играот на Вашингтон Визардс, Моа Багнер.
Бакси ги совладаа Визардски со 126-113, но по мечот најмногу се расправаше за инцидентот на Јанис кој беше исклучен од игра во втората четвртина
„Кошаркарот на Милвоки доби суспензија и нема да може да настапи на следниот меч поради ударот со глава на играчот на Вашингтон Визардс, Моа Вагнер во текот на паузата од играта“ се неведува во соопштението од НБА лигата.
Тоа беше четврто исклучување во кариерата на Адетокумбо.