Дел од италијанските медиуми тврдат дека Јувентус се подготвени да го „жртвуваат“ Пауло Дибала за да го вратат Пол Погба во Торино, но доколку Аргентинецот повторно одбие трансфер во Манчестер јунајтед тогаш Андреа Пирло би го заддржал во тимот.
Пирло во четвртокот беше на шестчасовен разговор со претседателот на клубот, Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед и директорот Фабио Паратичи, на кој се утврдувала стратегијата со фудбалерите додека медиумите ги „пикираа“ фудбалерите кои ќе бидат продадени.
Според весникот „Тутоспорт“, Дибала би бил фудбалерот кој би бил „жртвено јагне“ за собирање на средства во тимот, и би бил понуден како замена за Пол Погба. Дибала веќе ги одби Тотенхем минатото лето и тешко е дека ќе се одлучи да замине во Јунајтед, посебно во сезона во која беше можеби најдобриот фудбалер на „бјанконерите“.
Главната цел на Пирло е да се засили нападот и тој имал некои свои избори. Аркадијуш Милик од Наполи беше желбата на претходниот Маурицио Сари, но и Пирло би се согласил со негов трансфер, а опција е и Дуван Запата од Аталанта. Друг кандидат е Мексиканецот Раул Хименез од Вулверхемптон, но и ветеранот Един Џеко ако реши да замине од Рома.