Заврши и вториот денешен тренинг на патеката „Каталуња“ каде утре ќе се возат квалификациите за ГН на Шпанија.
На првиот официјален денешен тренинг најбрз беше Валтери Ботас од Мерцедес, додека на второто тестирање, најбрз на патеката беше неговиот клупски колега Луис Хамилтон.
Британецот го предводеше караванот со 1.16:883, додека Ботас доцнеше за 276 илјадитинки зад него.
Трето време на тренингот имаше Макс Ферстапен од Ред Бул со заостанување од 821 илјадитинка зад Хамилтон.
Статистиката кажува дека четврто најдобро време, изненадувачки имаше Даниел Рикиардо, а петти беше Роман Грожан.
Потоа следуваа Шарл Леклер, Карлос Сајнц, Серхио Перез, Естебан Окон, Пјер Гасли, Ланс Строл, Себастијан Фетел, Александер Албон, Ландо Норис, Данил Квајт, Кевин Магнусен, Кими Раиконен, Антонио Џовинаци, Николас Латифи и Џорџ Расел.
Квалификациите се утре во 15 часот, а трката на „Каталуња“ ќе се вози во недела во истиот термин.
See you tomorrow, @Circuitcat_eng ?#SpanishGP ?? #F1 pic.twitter.com/dKqAK0BfN9
— Formula 1 (@F1) August 14, 2020