Англичанецот Кајрен Вилсон се пласираше во финалето на Светското првенство во снукер со победата над Ентони Мекгил од Шкотска со 17-16 во фрејмови.
Вилсон во своето прво финале на СП ќе се судри со подобриот од дуелот Марк Селби – Рони О`Саливен.
Со самиот пласман во финалето, 28-годишниот Англичанец го направи најголемиот резултат во професионалната кариера.
Популарниот „воин“ со пласманот во финалето обезбеди заработувачка од 200.000 фунти.
Финалето на СП во Шефилд е утре.