Навивачите на лондонски Арсенал сметаат дека 32-годишниот Бразилец Вилијан кој од денеска е нов „топчија“ е преплатен.
Фановите на клубот од Лондон сметаат дека ова е еден од потезите кој може да допринесе за финансиска дестабилизација на клубот во услови кога во светот поради пандемијата со коронавирусот владее економска криза.
Шокот е голем затоа што Арсенал на Вилијан му дава неделна плата од 280.000 фунти и тоа по неодамнешната одлука на Управата да отпушти 55 вработени во клубот на разни позиции за клубот да може нормално да функционира.
Ако на тоа се додаде дека Озил има неделна плата од 350.000 фунти, а повеќе „ја грее клупата“ отколку што настапуваше минатата сезона, јасно е зошто фановите се огорчени.
„Тие 50 луѓе кои добија откази беа навивачи на Арсенал, па не само што ја загубија работата од соништата, па сега ќе мораат да го гледаат Вилијан како ќе игра со нивните пари“ – напиша на Твитер навивач на Арсенал.
Многумина од фановите го делат неговото мислење.
„Замислете да отпуштите луѓе и да доведете играч кој е слободен“ напиша друг фан.
Инаку Арсенал е во топ 10 клубови во светот со највисок просек на плата на играчи кој иснесува близу 5 милиони фунти.