Кошаркарски меч меѓу две средношколски екипи во Пенсилванија заврши со неверојатна тепачка на над 60 луѓе, со користење на спреј од страна на полицијата и со интервенција на пожарникарската служба.
Еден полицаец и еден млад кошаркар добиле полесни повреди, а полицијата во Клертон мораше да побара засилување од соседните окрузи. Мечот меѓу училиштата Клертон и Монесен се оддржал на 6 февруари.
Видео снимките го покажуваат моментот кога мечот прерасна во огромна тепачка во последната четвртина, додека играчите уште беа на теренот.