Леон Горецка немаше милост за освојувачот на шест „Златни топки“, Лионел Меси по понижувачката 8:2 победа над Барселона, откако веднаш по мечот беше запрашан што мисли за Меси по поразот.
„Меси морал да биде вашиот идол од детството, дали ве боли што го гледате вака?“, беше прашањето на новинарот.
Горецка не покажа сентименталност.
„Не, не болеше, всушност беше многу забавно“, изјави кратко Горецка.
Без милост беше и Томас Милер кој мечот го спореди со 7:1 победата на Германија над Бразил на СП во 2014 година, бидејќи на двата меча беше стрелец.
„Во победата против Бразил немавме иста контрола. Тогаш бевме добри, но денеска начинот на кој доминиравме беше брутален“, изјави Милер.
Goretzka is taking no prisoners ???pic.twitter.com/7rmPnKxbfa
— Taisto (@TaistoFCB) August 14, 2020