Манчестер сити не се откажуваат од „потерата“ по Калиду Кулибали и ја кренаа својата понуда на 65 милиони евра во обид да ги убедат Наполи, кои пак, инсистираат дека сумата за сенегалскиот дефанзивец останува 80 милиони евра.
Според „Ла газета дело спорт“, се верува дека тимот на Пеп Гвардиола ќе се ангажира за носење на засилување на одбраната по крајот на Лигата на шампионите, откако во изминатата сезона се чувствуваше загубата на поранешниот капитен Винсен Компани.
Според „Кориере дела сера“ пак, Наполи веќе прифатиле дека Кулибали ќе замине и веќе се договориле со Лил за трансфер на бразилскиот дефанзивец Габриел.