Top Sport

Ферстапен: Не сум следниот Михаел Шумахер

Иако споредбите му ласкаат, Макс Ферстапен вели дека нема намера да ја игра улогата на „следен Михаел Шумахер“, бидејќи е „самиот свој човек“.

Холандскиот ас на Ред бул ја оствари својата деветта победа во кариерата на јубилејното ГП на 70 години Ф1 во Силверстоун минатиот викенд, успевајќи да го надитри доминантниот Мерцедес. По ова, поранешниот технички директор на Шумахер, а сега прв човек на Ф1, Рос Браун изјави дека тој потсетува на Шумахер на многу начини.

Ферстапен вели дека тоа е убаво, но дека тој сака да биде „само Макс“.

„Секако, убаво е да те споредуваат со Шумахер, но јас искрено не сакам да се споредувам  со никого, бидејќи сум своја личност и различен возач. Можеби има слични односи, но јас сакам да сум само Макс“, вели Ферстапен.

Со само 22 години, Ферстапен има огромно искуство во Формула 1, бидејќи дебитираше во спортот во 2015 кога имаше само 17 години.

„Сега сум порелаксиран, попостојан и знам како да го одработам викендот. Јас и обично сум многу релаксирана личност без голем притисок“, вели опуштено Макс.

Рос Браун: Ферстапен дефинитивно не е баба, многу наликува на Шумахер

Scroll to Top