Машкиот спуст на Олимпијадата во Пјонгчанг беше откажан поради силен ветер во алпскиот центар во Џеонгсеон, и засега не е даден датум кога најславната машка алпска трка ќе биде презакажана.
„Поради силниот ветер и лошата временска прогноза, спустот е одложен за понатамошен датум. Жирито уште не донело одлука кога трката ќе биде оддржана“, се вели во соопштението на Светската скијачка федерација (ФИС).
No men’s downhill at @pyeongchang2018 today ? The wind is too strong in Jeongseon. The forecast is not looking good neither, so tomorrow’s AC-DH training is cancelled and next one on the schedule will be the Alpine Combined on Tuesday.
— FIS Alpine (@fisalpine) February 10, 2018
Трката требаше да почне во 11 часот по локално време (03 часот по македонско време). Организаторите претходно најавија дека имаат планови за неколкудневни одложувања доколку за тоа има потреба.
Без спустот, најголемо внимание на вториот натпреварувачки ден во Пјонгчанг предизвика уметничкото лизгање, каде што Евгенија Медведева најави злато за „Олимписките спортисти од Русија“, откако постави светски рекорд од 81.06 во кратката програма.
18-годишната Русинка го подобри сопствениот рекорд од 80.85, кој го постави на минатогодишниот Светски тимски трофеј во Токио, за да има огромна предност пред Италијанката Каролина Костнер (75.10).
Во танцови двојки, во водство се Канаѓаните Теса Виртју и Скот Моар, актуелните светски шампиони, кои освоија 80.51 поени, за Канада да води во тимското натпреварување со 27 поени, четири повеќе од САД. Братот и и сестрата, Алекс и Маја Шибутани од САД беа втори со 75.46 поени.