Top Sport

Колмен најавува дека е голема спринтерска ѕвезда (видео)

Светскиот вице-шампион на 100 метри, Кристијан Колмен продолжува со фантастичните трки, откако и покрај проблемите на стартот за малку ќе го срушеше светскиот рекорд на 60 метри, истрчувајќи 6.46 секунди на Бостон ГП во саботата.

Ова беше прва трка на Колмен откако истрча фуриозни 6.37 секунди минатиот месец, за 0.02 секунди побрзо од светскиот рекорд, но времето не беше ратификувано од ИААФ поради тоа што во таа трка не се користеа електронски стартни блокови.

„Сакав само да излезам и да покажам дека сум подготвен за следната недела“, изјави 21-годишниот Американец.

Тој се подготвува за Светското првенство во сала следната недела во Албукерк, Њу Мексико, каде што ќе има шанса да го сруши 20 години стариот рекорд на Морис Грин (6.39).

Колмен е наследникот на Болт, го сруши рекордот на 60 метри (видео)

Scroll to Top