Top Sport

Солскјер, човекот кој ги „зави во црно“ Баерн во 1999, сега е воодушевен од нив

Супер-моќниот тим на Баерн Минхен вчера предизвика фудбалски „земјотрес“ со 8:2 победата над Барселона и тоа го импресионира менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кого навивачите на баварскиот клуб не го имаат во најдобро сеќавање.

Солскјер во финалето на ЛШ во 1999 година, го постигна вториот гол по истекот на 90-те минути за Јунајтед да стигнат до 2:1 победа и прв европски трофеј по 33 години, но сега Норвежанецот може само да му аплаудира на Баерн и тренерот Ханси Флик.

„Секако дека го гледавме мечот и морам да кажам дека Баерн Минхен го поставуваат стандардот во моментов, и во текот на целата сезона. Со новиот тренер се апсолутно брилијантни. Агресивни, играат на пресинг, технички потковани. Тоа беше врвен натпревар од врвен тим“, изјави Солскјер пред неделното полуфинале на Јунајтед против Севилја во Германија.

Scroll to Top