По осум натпревари во „Светот на Дизни“ во Орландо, комплетиран е регуларниот дел од сезоната во НБА лигата и доигрувањето наскоро започнува.
НБА лигата ги состави двете најдобри петорки по рестартот на сезоната.
Првата петорка ја сочинуваат Демијан Лилард, Дејвин Букер, Ти Џеј Ворен, Лука Дончиќ и Џејмс Харден.
Во вториот тим се најдоа Јанис Адетокумбо, Каваи Ленард, Мајкл Портер јуниор, Кристапс Порзингис и Карис Левер.