Top Sport

Лани играше полуфинале, сега ќе го прескокне САД опен поради короната

Швајцарската тенисерка Белинда Бенчич објави на социјалните мрежи дека нема да настапи на претстојниот САД опен во Њујорк.

При објавувањето на веста, таа не ги наведе причините за неиграњето, но јасно е дека пандемијата на коронавирусот во САД е главната причина поради која од претходно својот настап го откажаа и Ешли Барти (Австралија), Елена Свитолина (Украина), минатогодишната шампионка Бјанка Андреску (Канада) и Холанѓанката Кики Бертенс.

„Поздрав на сите мои фанови. Сакав да ве известам дека донесов тешка одлука дека нема да настапам на САД опен и дека на терен ќе се вратам еден месец подоцна, во Рим“ напиша Бенчич која во моментов е 0сма на ВТА листата.


Инаку, грен слемот на Флешинг Медоус започнува на 31 овој месец и ќе трае до 13 септември.

Scroll to Top