Легендарнот НБА кошаркар Шекил О`Нил во лигата ќе биде запаметен како еден од најдоминантните центри во историјата.
Тој имал интересна анегдота со словенечкиот репрезентативец, Горан Драгиќ кој му беше соиграч една сезона, во Феникс Санс.
Во 2009 година кога популарниот Шек ја играше својата последна сезона во кариерата, Драгиќ дојде како руки во Феникс.
„Беше сјаен, се грижеше за мене, беше многу духовит. Имам една анегдота во врска со него. Морав да го носам неговиот синтисајзер каде и да одевме на гостувањата. Беше голем, а го носев од автобус во авион, од авион во хотел.
Неколкупати мојата соба беше до неговата и никогаш не го слушнав да свири. Го прашав дали некогаш свирел на синтисајзерот. Тој ми одговори дека не свирел, дека расипан е“ – рече Драгиќ во подкастот на популарниот кошаркарски новинар Адриан Војнаровски.
„Морав цела сезона да го носам иако беше расипан. Беше тоа моја должност како дебитант. Драго ми е што бев во тој тим и што го запознав Шек. Сјаен тип е“ вели актуелниот плејмејкер на Мајами Хит и освојувач на Евробаскетот со Словенија.