Top Sport

Рони О`Саливен по шести пат е светски шампион во снукер

Англичанецот Рони О`Саливен (44) по шести пат во кариерата стана светски шампион во снукер. Тој во финалето во Шефилд го совлада 16 години помладиот Кајрен Вилсон со 18-8.

О`Саливен со денешниот триумф се изедначи со велшкиот снукерист Рај Рердон и со Англичанецот Стив Дејвис на второто место по бројот на титулите светски шампион. Пред нив е само Шкотланѓанецот Стефан Хендри, со седум титули.

Во саботата попладне О`Саливен оствари предност од 6-2, по следуваа 5 фрејмови за Вилсон, и на крајот на денот предност од 10-7.

Вилсон го освои денеска првиот фрејм, намали на 10-8, имаше и можност за 10-9, но можноста пропадна. Останатото беше рутина за фаворитот за нова титула.

О`Саливен насловот шампион во светски рамки го освојуваше во 2001., 2004., 2008., 2012., 2013. i 2020. година, a единсвениот пораз во финале од Селби го претрпе во 2014 година.

Scroll to Top