Свен Крамер е едноставно незапирлив во брзото лизгање на 5.000 метри. Посебно на Олимпијадите.
Крамер, кој има статус на суперѕвезда во лудата по лизгање Холандија, го освои третиот последователен златен медал на 5.000 метри во Пјонгчанг, додавајќи олимписки рекорд. Ова е второ злато за Холандија во две дисциплини на олимпискиот овал, но овојпат немаше 1-2-3 победа, како во женската трка на 3.000 метри.
Среброто го освои Канаѓанецот Тед-Јан Блемен, кој е роден во Холандија, и кој го победи Норвежанецот Свере Лунде Педерсен за 0.002 секунди за сребрениот медал. Пред нив, Крамер имаше предност од 1.85 секунди.
„Убаво е да се победи на 5.000 метри и ќе лажам ако кажам дека не ми значи многу. Потајно, многу сум горд“, вели 31-годишниот Крамер, кој има четири злата и уште четири други медали од Олимписките игри.