Top Sport

Џо Харт оди во Тотенхем, ќе му биде резерва на Уго Лорис

Англискиот голман, Џо Харт е нов играч на лондонски Тотенхем. Оваа информација ја пренесе влијателниот новинар, Фабрицио Романо. Наводно, наскоро ќе биде официјализирана соработката.

Некогашниот прв голман на „Гордиот Албион“ и Манчестер Сити, на 33 години доаѓа во клубот каде менаџер е Жозе Мурињо.

Тој ќе му биде резерва на Французинот Уго Лорис.

Од 1 јули годинава Харт е без ангажман, му истече договорот со Барнли каде настапуваше во изминатите две сезони.

По заминувањето од Сити, Харт бранеше уште за Вест Хем и за калчолигашот Торино.

За Англија има 75 настапи.

Scroll to Top