Стоук сити се засилија со поранешниот нигериски фудбалер од средниот ред на Челси, Џон Оби Микел на слободен трансфер, потврди клубот од Чемпионшип.
Микел се враќа во англискиот фудбал откако замина од турскиот Трабзонспор со взаемен договор во март. 33-годишниот ветеран помина 11 сезони во Челси, освојувајќи две титули од Премиерлигата.
„Пресреќни сме што добиваме фудбалер од таков калибар. Неговата кариера кажува многу за него и бев импресиониран кога го сретнав првпат“, вели менаџерот нат имот, Мајкл О’Нил.
Стоук беа само 15. во Чемпионшип минатата сезона.
? You see that quote on the left… just read it.
??#SCFC ?⚪️ pic.twitter.com/p45P8bNrQ1
— Stoke City FC (@stokecity) August 17, 2020