Top Sport

Боксерите со милиони, Миочиќ како најдобар тешкаш во историјата со 790.000 долари

Стипе Миочиќ стана легенда на тешката категорија во УФЦ шампионатот со победата во третиот меч со Даниел Кормиер на УФЦ 252 во Лас Вегас во саботата навечер, а сега се открива дека си амина дома со фантастични 790.000 долари.

Според „Спортекц“, УФЦ шефот во тешка категорија добил 750.000 долари за победата и дополнителни 40.000 долари како бонус.

Втора најголема награда доби неговиот ривал во рингот, Кормиер, дури 530.000 долари – половина милион долари основна плата и 30.000 долари како бонус.

Третиот најдоброплатен фајтер вечерта не беше ниту на главната програма – Жуниор дос Сантош заработи 420.000 долари за својот меч, но пропушти бонус од 100.000 долари.

И покрај популарноста на УФЦ, овие суми не можат да се споредат со парите кои ги добиваат професионалните боксери, посебно во тешка категорија, каде што секој меч носи над десетина милиони долари.

Миочиќ ја одбрани титулата во УФЦ: Јас сум најголемиот тешкаш во историјата!

Scroll to Top