Мото ГП шампионот Марк Маркез ќе се фокусира на камбек на Сан Марино ГП трката во септември, откако Хонда потврди дека нема да се трка на ГП на Штаерска овој викенд.
Шесткратниот светски шампион уште се опоравува од скршената рака која ја доби на првата трка од сезоната во Шпанија и втората операција која мораше да ја добие по поместувањето на плочката во рамото пред трката во Чешка.
Без Маркез, Хонда ќе продолжи со Алекс Маркез и со замената Штефан Брадл, кои не успеаја да остварат топ 10 пласман во саботата на Ред бул ринг.