Единсон Кавани вели дека Бенфика се голем клуб, потврдувајќи дека преговара со португалскиот клуб, но додаде дека уште нема ништо договорено.
Уругвајскиот напаѓач е слободен фудбалер откако му истече договорот со Пари Сен-Жермен на крајот на сезоната и беше поврзуван со повеќе клубови од цела Европа, вклучувајќи ги Лидс јунајтед, Алтетико Мадрид, како и повеќе италијански клубови.
„Имав разговори со Бенфика и со други клубови, но уште немам ништо дефининирано и нема договор. Бенфика се голем тим кој секогаш е во Европа и како би можел да не бидам заинтересиран. Би бил презадоволен“, вели Кавани, кој по крајот на договорот со ПСЖ е во неговиот роден град Салто во Уругвај.