Ракометарите на Вардар во Целје ја продолжија победничката серија во регионалната СЕХА лига. Вечерва, бранителот на трофејот во оваа конкуренција 31:28 (16:13).
Вардар од почетокот на сезоната има шест од шест во СЕХА лигата. „Црвено-црните“ шестата победа ја забележаа без Мораеш, Македа и Стоилов и уште еднаш ја потврдија дека се без конкуренција во регионалната лига.
Целје нешто подобро влезе во натпреварот по 3:1 во третата и 5:3 во деветтата минута Вардар фати приклучок и со серија од три гола го презеде водството 8:10 во 20 минута. Максимални три гола предност Вардар иамше во 25 минута (10:13), а со таа разлика заврши првиот дел (13:16).
На почетокот на вториот дел избраниците на Раул Гонзалес за две минути постигнаа два гола, со што стигнаа до најголемта предност на мечот (13:18).
До крајот на мечот Целје се обиде да ја анулира предноста на Вардар, но стигна само до гол негатива (25:26) во 51 минута. Чупиќ и Карачиќ потоа беа прецизни, Вардар повотрно се „одлепи“ на три гола од противникот (25:28), кој потоа немаше сили за било каков пресврт.
Крилните играчи го предводеа Вардар, Шишкарев и Дибиров постигнаа по шест гола, а во редовите на Целје четворица постигнаа по пет гола.