Интер има 1:0 водство по првото полувреме од второто полуфинале на Лига Европа против Шахтјор, благодарение на 20-тиот гол оваа сезона на аргентинскиот напаѓач, Лаутаро Мартинез.
По спориот старт, во 18. минута, голманот на украинскиот тим Андриј Пјатов направи грешка и ја додаде топката до Барела, кој совршено го пронајде Мартинез за водство на „нераѕурите“.
Победникот од овој меч во финалето ќе игра со Севилја, кои вчера со 2:1 ги победија Манчестер јунајтед.