Жозе Мурињо останува без победа на гости кај Њукасл во својата кариера, а Манчестер јунајтед останува 16 поени зад Манчестер сити практично губејќи ги и така минималните шанси да го стигне градскиот ривал.
Мет Ричи во 65. минута налета на центаршутот на Двајт Гејл за водство од 1:0 и три важни поени во борбата за опстанок во Премиер лигата, откако успеаја да го издржат притисокот пред својот гол, најмногу благодарение на дебитантот на голот на Њукасл, Мартин Дубравка.
Со победата, тимот на Рафа Бенитез „скокна“ на 13. место со 28 поени, два повеќе од „зоната за испаѓање“, додека Јунајтед останаа втори со 56 поени, четири повеќе од Тотенхем на третото место.