Top Sport

Во ПСЖ се вложени 1.200.000.000 евра

ПСЖ синоќа со победата над Лајпциг (3:0) обезбеди пласман во финалето во Лигата на шампионите. Богатите сопственици од Катар кои го купија клубот пред девет години уште еден меч ги дели од остварувањето на сонот.

Неверојатен е податокот дека од моментот кога шеикот од Катар го презеде клубот од Париз, во засилувања вложил 1.200.000.000 евра. Најголем дел од овие пари се потрошени за Нејмар (222.000.000 евра) и Килијан Мбапе (180.000.000 евра).

ПСЖ на 23 август за титулата ќе се борат против победникот од вечерашното полу-финале помеѓу Баерн Минхен и Олимпик Лион.

Scroll to Top