Top Sport

„Ако Куман одобри ќе го донесеме Лаутаро Мартинез“

Претседателот на Барселона Џозеп Бартомеу открил дека Роналд Куман ќе биде новиот тренер на првиот тим. За Куман Барселона ќе мора да плати обесштетување од пет милиони евра.

Бартомеу открил дека клубот во преодниот рок ќе се обиде да го реализира трансферот на Лаутаро Мартинез од Интер.

„Преговаравме со Интер, но преговорите ги прекинавме во моментот кога продолжи сезоната. Ќе разговараме со новиот тренер и доколку Лаутаро се наоѓа во неговата визија тогаш ќе се обидеме да го донесеме. Најважно е трансферот да го одбори новиот тренер“, рекол Бартомеу.

Италијанските медиуми пишуваат дека Куман има високо мислење за аргентинскиот напаѓач. Наводно Барселона ќе понуди пари и еден играч, Луис Суарез или Серхио Бускетс, за услугите на Аргентинецот.

Бартомеу синоќа објави дека само седуммина од ростерот не се на продажба, а меѓу нив ги нема Суарез и Бускетс.

Scroll to Top