Најдобриот тенисер од Босна и Херцеговина, Дамир Џумхур се пласираше во финалето на Кремљ купот во Москва, каде што в недела за трофејот на 745.940 долари вредниот турнир ќе игра со Летонецот Рикард Беранкис.
Џумхур, кој е шести носител на турнирот со 6:0/7:5 во полуфиналето го совлада својот сонародник Мирза Башиќ со 6:0/7:6(9), додека Беранкис го изненади третиот носител, Французинот Адријан Манарино со 6:3/4:6/6:1.
Џумхур покрај борбата за својата втора титула во кариерата в недела ќе има пресметка и за трофејот во двојки, каде што заедно со Хрватот Антонио Санчиќ играат со белоруско-австриската двојка, Макс Мирни-Филип Освалд.