Top Sport

„Мојот идол Меси не сакаше да ми го даде дресот“

Левиот бек на Баерн Минхен, 19 годишниот Канаѓанец Алфонсо Дејвис, рекол дека неговиот идол Лионел Медси не сакал да му го даде својот дрес по поразот на Барселона од Баерн (2:8) во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

„Го замолив Меси да си ги размениме дресовите, но тој ме одби. Веројатно беше шокиран. Тое во ред, се надевам дека во друга пригода ќе го добијам неговиот дрес“, рекол Дејвис.

Меси сигурно бил шокиран од катастрофалниот пораз, но можеби и сакал да го испочитува здравствениот протокол на УЕФА. Европската фудбалска унија поради коронавирусот препорача да нема размена на дресовите помеѓу фудбалерите.

Scroll to Top