Top Sport

Кутињо: Засега не размислувам за иднината, туку само на финалето

Филипе Кутињо вели дека е целосно посветен на освојувањето на титулата од Лигата на шампионите со Баерн Минхен и дека нема време да размислува за иднината по последните шпекулации кои го поврзуваат со враќање во Премиер лигата со тимот на Арсенал.

28-годишниот Бразилец најверојатно ќе го одигра својот последен меч за Баварците во неделното финале од ЛШ против Пари Сен-Жермен, откако Баерн ја пропушти шансата да му даде постојан договор по позајмицата од Барселона и тој би требало да се врати на „Ноу Камп“ пред стартот на новата сезона.

Кутињо има договор со Блауграна до 2023 година, но многумина веруваат дека тимот ќе реши да го продаде во обид да врати дел од 142 милиони фунти кои ги платија на Ливерпул во 2018.

„Мојот ум целосно е фокусиран на Лигата на шампионите, бидејќи се работи за голема шанса. Не сум размислувал многу за иднината, бидејќи имам работа во финалето“, вели Кутињо.

Тој ќе игра против соиграчот од бразилската репрезентација Нејмар во финалето и знае дека од него ќе биде најголемата опасност.

„Не сме зборувале бидејќи ќе играме меч. Тој се фокусира на својот тим исто како и јас. ПСЖ се силен тим со моќни напаѓачи, а зарем треба да објаснувам каков играч е Нејмар?“, додава Кутињо.

Scroll to Top