Жоан Зарко, возач на Авинтија, трката за големата награда на Штаерска кој ќе се вози в недела, ќе ја стартува од боксот. Зарко доби ваква казна поради страшниот инцидент во кој беше инволвиран на трката за Големата награда на Австрија.
Истрагата на стјуардите покажала дека Зарко со неодговорно возење го предизвикал инцидентот. Покрај него под истрага беа Франко Морбидели, Данило Петручи, браќата Еспаргаро и Мигел Оливеира.
За инцидентот во првата квалификациска сесија во кој беа инволвирани Петручи и Алеиш Еспаргаро италијанскиот возач добил официјално писмено предупредување.
Мото ГП соопшти дека за инцидентот помеѓу Мигел Оливеира и Пол Еспаргаро што се случи во текот на трката нема да има понатамошна истрага.